Во Скопје средба меѓу претседателите на Македонија и на Летонија

Претседателот на Летонија Егилс Левиц

Претседателот на Летонија Егилс Левиц кој престојува во официјална посета на Македонија денеска да се сретне со својот домаќин претседателот Стево Пендаровски. Вчера Левиц на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на Фејсбук објави дека во фокусот на нивите разговори биле актуелните политичко-безбедносни предизвици, како последица на руската инвазија на Украина.

Лидерите на Балтичките земји и Полска на средба со Зеленски во знак на поддршка за Украина

„Летонија останува наш доследен поддржувач на патот кон ЕУ, со став дека отпочнувањето пристапни преговори со ЕУ е од витално значење како за нашата држава, така и за Европа“; напиша Османи, наведувајќи: „Наша намера е, додава шефот на дипломатијата, да пристапиме кон Иницијативата на трите мориња, чијшто актуелен претседавач е Летонија, а во која членуваат дванаесет држави членки на ЕУ меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското море, меѓу нив и држави без излез на море, како што е Северна Македонија. Летонскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.