Поранешниот премиер на Словачка се соочува со кривична пријава

Поранешниот премиер на Словачка, Роберт Фицо се соочува со кривична пријава заедно со неговиот поранешен министер за внатрешни работи, соопшти полицијата во средата.Полицијата не соопшти други детали. Тие се обвинети за создавање криминална група, изјави нивниот адвокат Дејвид Линтнер.

Фицо негираше дека сторил нешто лошо и изјави дека тоа е јасна политичка одмазда. Тој додаде дека случајот против него и неговиот поранешен министер за внатрешни работи, Роберт Калинак, е дизајниран „да ја ликвидира политичката опозиција“.

Фицо моментално е пратеник на неговата левичарска опозициска партија, додека поранешниот министер сега работи како адвокат. Полицијата досега не побара од парламентот да му биде одземен пратеничкиот имунитет и да му дозволи притвор.

Премиерот Едуард Хегер рече дека се надева оти одлуката за обвинение против Фицо и Калинак е поткрепена со докази. Тој рече дека тоа е автономна одлука на органите на прогонот.

Актуелната четири партиска коалициска влада ја направи борбата против корупцијата клучно политичко прашање. Откако ја презеде власта по општите избори во 2020 година, голем број високи функционери, полицајци, судии, обвинители, политичари и деловни луѓе беа обвинети за корупција и други кривични дела.

Словачка обвини три лица за убиството на новинарот Куцијак

Фицо, кој во јавноста се перципира како популистички политичар, беше премиер во периодот 2006-2010 година и повторно од 2012 до 2018 година.
Тој поднесе оставка по убиствата на истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Куснирова во 2018 година.