Русија соопшти дека протерува 36 дипломати од две земји-членки на Европската унија како одмазда за сличните чекори преземени против странските претставници на Москва поради неиспровоцираната инвазија на Кремљ врз Украина.
Руското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение наведе дека прогласило 21 дипломат од Белгија и 15 од Холандија за „персона нон грата“, давајќи им рок од две недели да ја напуштат земјата.
Министерството, исто така, го повика амбасадорот на Луксембург во Москва, предупредувајќи го дека Русија може да одлучи да преземе реципрочни мерки за неодамнешното протерување на пратеникот на Москва од страна на малата европска држава.
Европските земји протераа повеќе од 300 вработени во руските амбасади, откако Москва ја започна својата инвазија врз Украина на 24 февруари.
Русија изминатата недела одговори со протерување дипломати од Чешка, Бугарија и Европската унија, како и Холанѓаните и Белгијците.