Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба во посета на Бугарија

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска од Софија треба да се сретне со бугарскиот премиер Кирил Петков, со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и со други министри и притоа да се заблагодари на Бугарија за приемот на бегалците од Украина.

Ќе се распадне ли бугарската владејачка коалиција?

Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно ќе се постави прашањето како Бугарија може дополнително да и помогне на Украина во борбата против Русија, откако владејачката коалиција во Софија не постигна согласност за воена помош и за тоа прашање треба да расправа Народното собрание. Засега нема официјална информација дали Дмитриј Кулеба ќе има средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев.