Американската министерка за финансии Џенет Јелен за денеска свика панел на високо ниво за да разговара за глобалниот одговор на тековната криза со безбедноста на храната влошена од војната на Русија против Украина, се вели во соопштението на Министерството за финансии. На состанокот ќе бидат вклучени шефовите на Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството, како и министрите што ги претставуваат земјите од Г7 и Г20 и технички експерти од меѓународните финансиски институции. Состанокот е посветен на „итниот одговор на тековната глобална криза со безбедноста на храната влошена со руската инвазија на Украина“ и ќе ги повика меѓународните финансиски институции „да го забрзаат и продлабочат својот одговор“, соопшти Министерството за финансии.
Николовски: Граѓаните да не паничат и да не прават залихи на зејтин
„Секретарот Јелен е длабоко загрижена за влијанијата што непромислената војна на Русија ги има врз глобалната економија, вклучително и ризикот од зголемена несигурност во храната на пазарите во развој и земјите во развој низ целиот свет, кои сè уште се борат да закрепнат од пандемијата“, изјави висок претставник на Министерството за финансии. Кризата особено тешко ги погоди пазарите во земјите во развој кои сè уште се мачат да се опорават од пандемијата на ковид-19, истакна претставникот. Светската банка, ММФ, Светската програма за храна на ОН и Светската трговска организација, исто така, апелираа до земјите да избегнуваат забрана за извоз на храна или ѓубрива. Тие рекоа дека кризата е дополнета со наглото зголемување на цената на природниот гас, клучна состојка на азотно ѓубриво.