Нови 18 случаи со ковид-19, нема починати лица

Луѓе со заштитни маски.

Во последните 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 684 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција.

Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица, а има 231 оздравен пациент.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а пријавено е на 30 март.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а на активни случаи изнесува 826.