Експлозии во Киев и во други украински градови

експлозии во главниот град Киев (архивска фотографија)

Украински официјални лица и медиуми објавија дека денека изутрината имало повеќе експлозии во главниот град Киев и во регионите на Лавов, додека руската инвазија на земјата продолжува. Медиумот „Суспилне“ објави дека две лица биле ранети во нападите во Дњепропетровск. Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, изјави дека имало пет „силни“ ракетни напади врз градот на западот на Украина.

Пет загинати, десетици повредени во напад во Харкив

Засега не е јасно дали има жртви во Лавов. Еден жител на Лавов беше цитиран од новинската агенција АФП дека може да се видат густи облаци од сив чад на небото над еден станбен блок. Тој на Телеграм напиша дека спасувачките служби се на местото. Во Киев, новинската агенција Ројтерс објави серија експлозии на левиот брег на реката Днипро.