Локални избори во Центар Жупа

Гласање во Дебар. Архивска фотографија.

Во општина Центар Жупа денеска се одржуваат локални избори за избор на градоначалник. На локалните избори одржани на 17 октовмри минатата година, немаше цензус од 33 насто.

Претседателот на Општинска изборна комисија Неџип Илјас за Радио Слободна Европа изјави дека право на глас денеска имаат 7.077 избирачи а се гласа на 16 избирачки места.

„Избирачките места се отворени навреме и без проблеми,“, рече Илјас.

И на овие избори има двајца кандидати и тоа Арјан Ибраим од Турската Демократска партија и Шаин Шакир од Движењето за национално единситво на Турците.

Во текот на вчерашниот ден во родниот крај, како што јавува дописникот на РСЕ од Дебар, Кенан Мимидиновски, пристигнале и голем број на печалбари од Италија за кои се оценува дека се клучни за да се избере новиот градоначалник на оваа општина. Според информации на локалната власт во оваа општина над 70 насто од населението се печалбари.

Пристигнување на жители на Дебар кои живеат во Италија

На октомвриските локални избори минатата година немаше цензус за градоначалник ниту во општина Маврово и Ростуше.

Но во оваа општина повторувањето на локалните избори се откажани бидејки во утврдениот рок се јави само еден кандидат, Медат Куртовски од СДСМ кој потоа ја откажа кандидатурата, меѓудругото и поради опасноста да нема повторно цензус, бидејки и во оваа општина масовна е миграцијата на населението.