Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи ќе се сретне со министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, а се очекува да биде примен во Претседателството на БиХ. „Главни теми на разговор ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу Северна Македонија и БиХ, можностите за натамошен развој на соработката во интерес на двете земји и граѓаните“, се вели во соопштението.
Османи – Има документ кој е прифатлив за нас, но се уште немаме договор со Бугарија
Во фокусот на разговорите, како што се додава, ќе бидат интеграцијата во Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и војната во Украина и нејзиното влијание врз регионот и пошироко.