Седум белоруски авиони ги прекршиле американските извозни контроли

Илустративна фотографија

Министерството за трговија на САД идентификуваше седум авиони Боинг 737 управувани од белорускиот национален авиопревозник Белавија, кои очигледно ги прекршуваат американските извозни контроли.

Авионите се првите идентификувани откако минатата недела беа зајакнати ограничувањата за Белорусија, а како одговор на поддршката на оваа земја за руската инвазија на Украина.

Контролите на извозот им забрануваат на компаниите ширум светот да обезбедуваат какво било полнење гориво, одржување, поправка, резервни делови или други услуги на идентификуваните авиони, со што ефективно ги приземјуваат.

„Авионите полетаа во Русија или Белорусија со очигледно кршење на Регулативите за извозна администрација, соопшти Министерството за трговија.

Списокот на авиони кои се предмет на ограничувања -- наметнати поради руската инвазија на Украина -- сега вклучува 146 авиони во руска сопственост или управувани од Руси, како и седум белоруски авиони.

„Со отфрлањето на меѓународното владеење на правото, Русија и Белорусија јасно ставија до знаење дека не ги заслужуваат придобивките од учеството во глобалната економија, а тоа вклучува и меѓународни патувања“, соопшти заменик-секретарот за трговија Дон Грејвс.