Властите повикуваат СОНК да го прекине штрајкот, Неделков се надева на решение

Вицепремиерот за економски прашања, денеска го повика СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса, бидејќи децата ја плаќаат највисоката цена. Тој во одговор на новинарско прашање до каде се преговорите со СОНК, изјави дека досега ништо не е променето со почетокот на штрајкот.

„Преговорите со СОНК се таму каде што беа пред да започне штрајкот. Еве денеска ќе ги повикам. СОНК ја прати пораката. За жал, децата се тие коишто ја плаќаат највисоката цена. Сметам дека СОНК би требало да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса со сите други чинители и социјални партнери“, изјави Битиќи при негоавата посета на Охрид.

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките

Оваа изјава доаѓа во време кога претседателот на СОНК Јоаким Неделков е повикан на преговори во Министерството за образование и наука. Тој пред да влезе во зградата на министерството за новинарите изјави дека се надева оти ќе имаат добар предлог од властите и дека ќе постигнат решение.

Штрајкот во училиштата и градинките почна со многу прашалници

„Со оглед на тоа што од МОН денеска имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем, односно се прават максимални напори да се доближат со процентот, тој што го побара СОНК, само по себе дава за право да бидеме оптимисти на денешната средба и од министерот за образование и наука да слушнеме нешто поконкретно“изјави Неделков.

По едно месечни преговори и тридневен штрајк на средното и основното образование Неделковски изјави дека синдикалните просветни работници сакаат што побрзо штрајкот да заврши во интерес на учениците и родителите