Расте бројот на Руси кои бараат постојан престој во Казахстан

Илустрација

Првиот квартал од 2022 година, бројот на руски државјани кои аплицирале за постојан престој во Казахстан достигна 1.055 лица, што е речиси тројно повеќе од просечниот квартал, денеска изјави заменик-министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ќожаев. Русија го започна својот неиспровоциран напад врз Украина на 24 февруари.

Ќожаев, исто така, рече дека покрај барателите за постојан престој, околу 10.000 руски граѓани поднеле барање за казахстански индивидуален идентификациски број кој им овозможува на луѓето, вклучително и на странците, да отвораат сметки во банките во Казахстан бидејќи меѓународните санкции ги блокираа операциите во многу финансиски институции во Русија.

Ќожаев додаде дека во моментот има околу 130.000 руски државјани и речиси 3.500 украински државјани кои живеат во Казахстан, од кои 170 Руси и седум Украинци поднеле барање за казахстанско државјанство од 1 јануари.

Десетици илјади руски граѓани ја напуштаат земјата, главно во други делови на Европа, од почетокот на рускиот напад против Украина.

Некои Руси избраа да заминат за Казахстан и други поранешни советски републики, кои сè уште се сметаат за блиски до Москва.