Лидерите на Балтичките земји и Полска во посета на Киев

Претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија денеска соопштија дека тргнале кон Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски

Претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија денеска соопштија дека тргнале кон Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На фотографијата која ја објавија на Твитер, претседателите на четирите земји стојат пред украински железнички патнички вагон.

„Ја посетуваме Украина за да покажеме силна поддршка за украинскиот народ. Ќе се сретнеме со драгиот пријател, претседателот Зеленски“, наведе претседателот на Естонија Алар Карис.

Со него се полскиот претседател Анджеј Дуда, и претседателите на Литванија и Летонија, Гитанас Науседа и Еглис Левитс.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари, а западните земји воведоа жестоки економски санкции против Москва и обезбедуваат воена и економска помош за Украина.