Шефовите на дипломатиите на Централна Европа за Украина

Јарослав Качински, Петр Фиала, Јанез Јанша, Матеуш Моравјецки, Владимир Зеленски по средбата во Киев, 15-ти март 2022.

Министрите за надворешни работи на земјите од неформалната група во која членуваат Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија и Словенија денеска ќе се сретнат во замокот Стирин во близина на Прага за да разговараат за ситуацијата во Украина соочена со руската инвазија, објави чешкото Министерство за надворешни работи.

НАТО ги зајакнува силите во Источна Европа, додека трае војната во Украина

Други прашања на дневен ред ќе бидат претстојното претседателство на Чешка со Советот на ЕУ и пандемијата на коронавирусот.