Нови 23 случаи на коронавирус, еден починат

Илустрација: Ковид тест

Во изминатото деноноќие се регистрирани 23 нови случаи на коронавирус во Македонија од направени 953 тестови, информира Министерството за здравство. Починало едно лице од Охрид на 80-годишна возраст.

Во Скопје се регистрирани 19 случаи, во Прилеп 2, и во Гостивар и Свети Николе по еден нов случај.

Регистрирани сe 190 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.