Бајден ќе разговара со Моди за ставот на Индија спрема руската инвазија врз Украина

ајден последен пат разговараше со својот индиски колега кон крајот на март за време на виртуелниот состанок со лидерите на Јапонија и Австралија.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе одржи виртуелен состанок со индискиот премиер Нарендра Моди, во врска со разочарувањето на Вашингтон со Њу Делхи поради нејзиниот став за инвазијата на Русија врз Украина. Бајден се обидува да изгради поширока коалиција на земји спротивна на неипровоцираниот напад на Русија врз Украина што доведе до смрт на илјадници граѓани. Индија, сепак, се воздржуваше од гласање за резолуциите на ОН за да ја осуди инвазијата на Русија.

Итна седница на Генералното Собрание на ОН за Украина

Њу Делхи има добри односи со Русија во текот на децениите и е голем купувач на руското оружје. Бајден последен пат разговараше со својот индиски колега кон крајот на март за време на виртуелниот состанок со лидерите на Јапонија и Австралија. Њу Делхи гледа на Москва како на „неопходен столб на индиската надворешна политика поради нивното" стратешко партнерство.

Лавров во посета на Индија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавро, кој се состана со Моди во Њу Делхи во почетокот на април, го поздрави како што рече, „избалансираниот индиски пристап“ кон конфликтот во Украина. Од друга страна, Бајден само оцени дека Индија има "став на двоумење" кон руската инвазија врз Украина.