Радев: Ако Петков попушти за Македонија ќе предизвика нова криза

Бугарскиот претседател Румен Радев.

Ставот на Бугарија за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија се базира на резултати, а не на рокови и услови наметнати од странство. Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова владина криза, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

„Очекувам бугарската Влада строго да се придржува до Декларацијата на Националното собрание на Бугарија, консензусот постигнат на Консултативниот совет за национална безбедност и на волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања со Скопје пред почетокот на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија“, рече Радев

Според бугарскиот претседател, советниците на бугарскиот премиер Кирил Петков никогаш не треба да ги оквалификуваат „македонските Бугари како малцинство“, бидејќи тоа може да го уништи целиот процес на европската интеграција на Република Северна Македонија.