Македонските судии на предупредувачки протест, бараат покачување на плати

Илустрација, Основен суд Скопје 1

Судиите бараат усвојување на измените на законот за плати на судии, и најавуваат предупредувачки протест на 28 април ако дотогаш не им биде исполнето барањето.

Управниот одбор на Здружението на судиите -ЗСРСМ бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат оттаму.

На последната седница на ЗСРСМ одржана на 7 април, меѓу другото е донесен и заклучок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.

„Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата на Република Северна Македонија во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на ден 28.04.2002 година од 11:00 до 11:30 часот“, велат од ЗСРСМ.

Од таму појаснуваат дека за ипослнување на барањата ќе ги активираат сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции.