Протерани уште четворица руски дипломати од Црна Гора

Руската амбасада во Подгорица

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од руската амбасада во Подгорица.

Тие добија рок од седум дена да ја напуштат земјата.

„Министерството ја донесе споменатата одлука врз основа на оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на руските дипломати и член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството на почетокот на март, врз основа на проценката на Националната агенција за безбедност, го прогласи дипломатот Виктор Антипин за непожелна личност.

Инаку, повеќе европски земји се се одлучија на оваа мерка и протерување руски дипломати по инвазијата на Москва во Украина. ЕУ земјите им наредија на руските дипломати да заминат од европската територија во текот на неделава поради глобалниот гнев откако се појавија вести, за како што ги нарекуваат украинските власти, масовни злосторства извршени од руските сили врз украинските цивили во Буча, северно од главниот град Киев.

И македонското министерство за надворешни работи, на крајот на март му врачи нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација беа посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.