Трошоците за живот поголеми за 8,8 проценти во однос на лани

Маркет во Скопје

Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од денеска основните прехранбени продукти без ДДВ

Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос на февруари има кај млекото за 7,3 проценти, јајцата за 6 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,9 проценти, лебот и житата за 5 проценти, пивото за 2,9 проценти, маслото за 1,7 проценти, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 1,2 проценти.

Инфлација и намален раст на БДП: Економско влијание од војната во Украина

Пораст е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,1 проценти, горивата за превозните средства за 6,1 проценти.