Проруската „Преродба“ на протест во Софија

Руско знаме поставено на споменикот на плоштадот во Софија од демонстранти

Најмалата партија во бугарскиот парламент, „Преродба“, која се смета за проруска со своите симпатизери одржаа антивладин протест пред Парламентот во Софија барајќи Бугарија да не дава воена поддршка на Украина. Симпатизерите на партијата биле донесени со автобуси и дел од нив на својата облека го носеле обележјето „З“кој е проруски симбол што се користи во воената инвазија врз Украина, јавува новинската агенција Бгнес.

Покрај бугарските знамиња во центарот на градот за време на протестот се вееја и руски знамиња. На еден од транспарентите кој бил закачен на споменик пишувало „Моќна морална и духовна поддршка за братска Русија од целиот бугарски народ“.

Организаторите на протестот од политичката партија „Преродба“ велат дека целта на протестот е да се искаже ставот дека местото на Бугарија не и е во воениот конфликт меѓу Украина и Русија и дека не треба да и се дава воена поддршка на Украина. Според најмалата пратеничка група во бугарското Собрание „Софија не смее да дозволиме на нејзина територија да се стационира воена опрема и војници на НАТО“.