Зеленски-Европа нема време да се двоуми за санкциите кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Европа дека нема време за двоумење во усвојувањето мерки против Русија во услови на зголемени докази дека руските воени сили вршат злосторства, бидејќи Москва и натаму ја продолжува својата неиспровоцирана војна.

Во денешното обраќање до ирскиот парламент Зеленски рече дека повеќе не може „да толерира каква било неодлучност по сè што поминавле во Украина и сè што направиле руските трупи“.

Овој говор на украинскиот лидер доаѓа во време кога европските лидери заедно со Соединетите Држави размислуваат за тоа како да ги засилат санкциите против Русија по откривањето на стотици цивилни жртви оставени на улиците во областите од кои руските војници се повлекоа во последните денови, вклучително и во градот Буча.

Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините војници биле вмешани во какви било злосторства.

Мишел:„Порано или подоцна“ ЕУ ќе мора да воведе енергетски санкции против Русија

Официјални претставници на Европската унија трет ден како разговараат за петтата рунда санкции што се очекува да вклучи прекин на увозот на руски јаглен. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека порано или подоцна ЕУ ќе треба да воведе санкции за руската енергија.

Некои земји од ЕУ, особено Германија, не сакаа да го ограничат целиот руски увоз на енергија поради штетата што тоа ќе им ја нанесе на нивната економија.

„Сè уште треба да ја убедиме Европа дека руската нафта не може да ја нахрани руската воена машина со нови извори на финансирање“, рече Зеленски барајќи од ЕУ да го прекине увозот на руска сурова нафта.

САД и сојузниците за денеска најавија нови санкции врз Русија

Соединетите Држави и нивните сојузници денеска ќе објават нов широк круг санкции врз Русија. Со санкциите се забрануваат сите нови инвестиции во Русија, се зголемуваат ограничувањата на финансиските институции и државните претпријатија во Русија, а ќе бидат насочени кон претставници на руската влада и нивните семејства. Европската комисија вчера предложи петти пакет санкции против Русија.