Литвански режисер загина во Мариупол

Познатиот литвански режисер Мантас Кведаравичиус

Познатиот литвански режисер Мантас Кведаравичиус е убиен во јужниот украински град Мариупол, каде што со недели се водат тешки борби по руската инвазија на земјата минатиот месец.

Рускиот филмски режисер Виталиј Мански на 3 април на Фејсбук објави дека Кведаравичиус загинал откако проектил го погодил неговиот автомобил во Мариупол за време на викендот, додека се обидувал да го напушти градот.

45-годишниот режисер со години го документираше градот на филм и снимаше нов извештај за тековната опсада на Мариупол од страна на руските војници.

Кведаревичиус, кој исто така беше антрополог и археолог, беше автор на документарниот филм Барзах (Лимбо) од 2011 година за две разорни постсоветски војни во рускиот севернокавкаски регион Чеченија.

Повици за поостри санкции по обвиненијата за руски злосторства во Украина

Еден од неоговите документарни филмови што ги снимил „Мариуполис“ го прикажува секојдневниот живот во Мариупол во 2014 година, кога руските војници неуспешно се обиделе да го заземат градот за време на илегалната анексија на Украина на Крим од страна на Москва.