Вкупно 41 случај на новозаразени со ковид-19 и три починати лица

Во изминатото деноноќие се регистрирани 41 случај на новозаболени со ковид-19 од направени 1.024 тестови. Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид -19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.

Нови 196 случаи на заразени со ковид-19 и еден починат

Вкупната бројка на ковид -дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.