Столтенберг не верува дека руските сили се повлекуваат

Брюссельде НАТО бас хатшысы Йенс Столтенберг.

Русија ги репозиционира своите сили околу Киев и не спроведува вистинско „повлекување“, рече денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупредувајќи дека може да има нови напади.

„Она што го гледаме не е повлекување, туку гледаме дека Русија ги репозиционира своите трупи“, вели Столтенберг во интервју за Си-Ен-Ен објавено денеска.

Тој вели дека не треба да се биде премногу оптимист, бидејќи нападите ќе продолжат.

Американските и западните официјални лица во последните денови изјавуваат дека се сомневаат оти руските сили се повлекуваат, велејќи дека наместо тоа, тие најверојатно се репозиционираат и се снабдуваат и веројатно се подготвуваат за нова офанзива во источниот регион Донбас.

Столтенберг ги коментираше и информациите за пријавените убиства на цивили во украинскиот град Буча.

„Тоа е бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении, и тоа е ужасно и е апсолутно неприфатливо“, рече Столтенберг.

Во одвоено интервју за Си-Ен-Ен, американскиот државен секретар Антони Блинкен ја нарече глетката на цивилни тела расфрлани по улиците на Буча како „удар во стомакот“.

„Не можете, а да не ги доживеете овие слики како удар во стомакот. Тоа е она што секојдневно се случува во Украина додека продолжува руската бруталност“, рече Блинкен.

Русија се соочи со зголемена меѓународна осуда поради извештаите за можни воени злосторства извршени од нејзините сили во Буча, предградие на Киев, и во други делови на Украина.