Лемур и лама се родија во скопската Зоолошка градина

Лемур во скопската Зоолошка градина

Денеска во Зоолошка градина Скопје се родило лемурче, а вчера лама, соопштија денеска од скопската зоолошка.

„Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето“, напишаа од Зоолошка градина Скопје на нивниот фејсбук-профил.

Вчера соопштија дека добиле подмадок и кај ламите.

Пред десетина дена од Зоолошката градина соопштија дека по повеќе од 20 години пауза во зоолошката се родени три бели лавчиња.