Украински напад врз складиште за гориво во рускиот град Белгород

Украина нападна магацин за гориво во Русија

Регионален функционер изјави дека два украински воени хеликоптера денеска нападнале складиште за гориво во рускиот град Белгород, кој се наоѓа на околу 25 километри од границата со Украина. Доколку биде потврден, тоа ќе биде прв напад на Украина на руска територија откако Москва го нападна својот сосед на 24 февруари. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на апликацијата за пораки Телеграм рече дека хеликоптерите го погодиле објектот откако ја преминале границата на мала височина. Гладков изјави дека во наводниот напад биле повредени двајца работници.

Руски трупи го напуштаат Чернобил

Сепак, руската нафтена компанија Роснефт, која е сопственик на складиштето за гориво, во посебна изјава соопшти дека никој не е повреден во пожарот, но не даде информации за причината за пожарот. Непроверените видео снимки од наводниот напад објавени на интернет покажаа нешто што изгледа како неколку проектили да се истрелани од мала височина. Украинското Министерство за одбрана досега не ги коментираше ваквите наводи.