Донаторски состанок за Авганистан поради зголемената загриженост

талибанска власт во минатата недела се повлече од нејзината најава дека средните училишта ќе бидат отворени за девојчиња.

Денешната виртуелна донаторска конференција за Авганистан, што треба да ја отвори генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се совпаѓа со загриженоста откако тамошната талибанска власт во минатата недела се повлече од нејзината најава дека средните училишта ќе бидат отворени за девојчиња. Околу 23 милиони луѓе во Авганистан се соочуваат со акутен глад, а 95% од Авганистанците немаат доволно храна, додека на 10 милиони деца им е итна потреба од помош за да преживеат, соопштија Обединетите нации, кои ќе бидат кодомаќини на конференцијата, заедно со Британија, Германија и Катар. Британија во средата вети 374 милиони долари за храна и друга помош во Авганистан.

Жени не смеат да се дружат со мажи во забавни паркови во Кабул

На меѓународната конференција се очекува да се соберат околу 4 ипол милијарди долари, иако се зголемува загриженоста за владеењето на Талибанците. Хуманитарниот апел на ОН, најголемиот досега објавен за една земја, е финансиран само со 13 отсто, рече портпаролот на ОН, Јенс Лаерке. Средствата одат директно на агенциите за помош кои спроведуваат проекти на терен и ниту еден не се канализира преку де факто властите, кои ја презедоа власта во август, рече тој. Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци, повика на поддршка од донаторите, велејќи дека состанокот е можност да „покажеме дека стоиме со Авганистан во овие темни часови“. „Многу семејства се принудени да ги прескокнуваат оброците и не можат да си дозволат основни здравствени или образовни трошоци“, рече тој.