Берлин: Путин му рекол на Шолц дека Европа може да продолжи да плаќа за рускиот гас во евра

Путин го уверил Шолц дека плаќањата од Европа за рускиот гас „ќе продолжат да бидат во евра“ следниот месец

Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Европа може да продолжи да плаќа за рускиот гас во евра, а не во рубли, како што неодамна побара Москва, соопшти владата во Берлин. Портпаролот на германската влада, Штефен Хебестрајт, по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери изјави дека Путин го уверил Шолц дека плаќањата од Европа за рускиот гас „ќе продолжат да бидат во евра“ следниот месец.

Москва е подготвена ако Европа престане да купува руски енергенси

Како и досега, парите ќе бидат исплатени на Гаспром банката, која не подлежи на санкции, а таа потоа ќе ги претвори еврата во рубљи, соопшти Хебестрајт. Тој изјави дека останува на сила договорот на Г7, кој предвидува енергијата од Русија да се плаќа исклучиво во евра или американски долари, наведува Ројтерс.