Времето денеска: променливо облачно

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 10 до 20 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 19 степени.