Нови 294 позитивни на коронавирус, починати вкупно 6 лица

Илустративна фотографија.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 294 нови случаи на коронавирус, а починати се две лица во болнички услови. Направени биле 2.430 тестови, информира Министерството за здравство. Согласно регистарот Мој термин, дополнително се пријавени 4 починати лица во период од 22 до 25 март, од кои три во домашни услови. Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 149, потоа следуваат Битола со 36, Прилеп 20, Кавадарци 17, Велес 11...

Регистрирани сe 235 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220 а бројот на активни случаи изнесува 1.835.