Полска до крајот на годината планира да го прекине увозот на руска нафта

полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Полска ќе преземе чекори да го запре увозот на руска нафта до крајот на 2022 година, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Полска веќе во голема мера ја намали зависноста од руската нафта, рече Моравиецки на прес-конференција додавајќи дека земјата ќе го започне најрадикалниот план меѓу европските држави за ослободување од руските енергетски извори.

Полска вчера објави дека забранува увоз на руски јаглен.

Моравјецки рече дека очекува во мај да се намали увозот на гас и ги повика другите европски земји да го следат примерот.

Русија започна инвазија на соседна Украина на 24 февруари, а западните земји одговорија со остри санкции против Москва.