Украина тврди дека од почетокот на инвазијата се убиени над 17 илјади руски војници

Украина ги објави новите ажурирани податоци за загуби што руска страна ги претрпела од почетокот на војната. Украинските власти тврдат дека се убиени 17.200 војници и се уништени 1.710 оклопни возила. Од останата воена опрема што е уништена се наведуваат 127 авиони, 129 хеликоптери, 597 тенкови и 1.178 возила.

Овие информации не можат независно да се потврдат.

НАТО проценува дека околу 15 илјади руски војници се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина.

Кон крајот на минатата седмина Русија соопшти дека загинале повеќе од 1300 нејзини војници.

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари годинава.