Бајден со нов предлог буџет: повисоки даноци за богатите, повеќе пари за одбрана

Американскиот претседател Џо Бајден го објавува својот предлог буџет за фискалната 2023 година во Белата куќа во Вашингтон, САД, 28 март 2022 година.

Американскиот претседател Џо Бајден го објави предлог буџетот со кој се предвидуваат повисоки даноци за богатите, помал дефицит и повеќе пари за одбраната, полицијата, образованието и јавното здравство. Бајден предложи буџет од 5,790 милијарди долари за фискалната 2023 година, која започнува на 1 октомври оваа година. Дефицитот би бил 1,150 милијарди долари.

САД и Г20 работат на глобален данок за корпорациите

Предлогот предвидува данок од најмалку 20 насто на приходот на домаќинствата чии членови заработуваат повеќе од 100 милиони долари. Зголемена е и стапката на корпоративниот данок на доход, на 28 насто, како и највисоката стапка за физичките лица, на 39,6 проценти. За одбрана се наменети 795 милијарди долари, 915 милијарди се за различни програми во земјава, а остатокот е наменет за социјално и здравствено осигурување, како и за камати на државниот долг.