Нуклеарна постројка во Харкив сериозно оштетена од гранатирање

УКРАИНА - Човек вози велосипед покрај пламен и чад што се издига од пожар по руски напад во Харкив. 25.03.2022

Нуклеарната централа со неутронски извор во Харкив во саботата повторно била гранатирана и сериозно оштетена, соопшти украинскиот Државен инспекторат за нуклеарна регулатива.

Инспекторатот соопшти дека поради интензивните борби во областа, не може да го процени степенот на штетата и нејзиното влијание врз нуклеарната и радијационата безбедност.

Објектот е дел од Институтот за физика и технологија во Харкив и спроведува експериментални истражувања на радиоизотопи за медицински и индустриски цели.

Централтаа беше погодена и претходно овој месец од руското гранатирање.

Инвазијата на Русија врз Украина започна на 24 февруари и оттогаш речиси 4 милиони Украинци ја напуштија земјата.