„Посветете се на најголемата желба, но имајте и план ’Б’ “

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Почнал да свири клавир на шест години, а денес има седумнаесет и собира пофалби од професорите и награди на натпреварите, дома и во странство. Младиот Михаил Тимотеј Пастоњицки учи клавир во класата на професорката Марија Максимова во музичкото училиште во Штип. Но, го привлекува и информатиката. Не знае дали ќе стане информатичар кој сака и свири музика, или пак, ќе остане музичар, но како што вели, знае дека е добро човек да има план „Б“.