Украина забрани ширење воени информации

Пар украински војници на улица во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој се ограничува ширењето на воени информации за време на актуелната вонредна состојба, со кој се предвидуваат казни до 12 години затвор.

Според документот, сега е забрането снимање на движењата на украинската војска, местата за гранатирање, имиња на улици, транспортни постојки, фабрики и други цивилни и воени објекти.

Законот, потпишан од Зеленски за време на викендов, исто така забранува објавување податоци за движењето на странската воена помош за Украина.
Забраната не важи за Министерството за одбрана и за Генералштабот на украинската војска.

Овој потег наводно делумно е предизвикан од загриженоста дека луѓето објавуваат чувствителни работи за украинската армија на интернет.

На 21 март, Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе лице кои објави видео на ТикТок со позициите на вооружените сили во Киев. Набргу потоа, Русија изврши ракетен напад врз локација во близина, при што загинаа осум луѓе.

СБУ истражува дали лицето, кое останува во притвор, намерно се обидувале да открие доверливи информации.