Русија забрани пристап до веб страници на РСЕ

Рускиот медиумски регулатор ги стави веб-страниците на руски јазик на три од централноазиските радиодифузни сервиси на РСЕ на својата рапидно растечка листа на забранети страници. Ова се случува во време кога се шират ограничувањата за руските медиуми и информациите кои тие смеат да ги споделуваат додека трае едномесечната војна во Украина. Медиумските ограничувањата на Кремљ се насочени кон домашните но и кон меѓународните медиумски организации кои известуваат за руската инвазија.

На списокот на забранети интернет страници на регуларторот Розкомнадзор се најда казахстанскиот сервис на РСЕ - Радио Азатик, потоа таџикистанскиот сервис на РСЕ - Радио Озоди и туркменистанскиот сервис Радио Азатлик.

Претседателот на РСЕ го осуди „системското малтретирање“ на новинарите во Русија

Многу други веб-локации на РСЕ, Би-Би-Си и други медиуми се блокирани поради, како што велат руските регулатори, погрешни извештаи. Тоа значи дека тие не ја следеле линијата на владата, која вклучува забрана за нарекување на акциите на Москва во Украина како инвазија или војна.

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ги оправда медиумските ограничувања како кампања за „демилитаризација“ и, повторувајќи ги претходните лажни тврдења против демократски избраната влада во Киев, за „ ослободување од нацистите “ на нејзиниот постсоветски сосед.

Новите руски закони и други мерки донесени и усвоени од почетокот на инвазијата на 24 февруари го криминализираа известувањето за војската и дипломатските активности, како и мерките на руските власти, квалфикувајќи ги како дистрибуирање на наводно „лажни информации“ . Руските власти го ограничија известувањето со покривање на официјални извори на информации за она што Кремљ официјално го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

На 27 март, руската новинска агенција Интерфакс објави дека Роскомнадзор го ограничила пристапот до веб-страницата на германскиот медиум Билд по барање на обвинителството.

Роскомнадзор, исто така, блокираше некои платформи на социјалните медиуми. На 21 март, московскиот суд пресуди дека компанијата-мајка на Фејсбук и Инстаграм Мета платформи е „екстремистичка организација“.