Трус- Санкциите кон Русија може да се укинат веднаш штом прекинаат нападите врз Укрина

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус изјави дека санкциите за казнување на богатата руска елита и бизниси од инвазијата на Украина може да бидат укинати доколку рускиот претседател го прекине нападот и вети дека „нема понатамошна агресија“.

Британското министерството за надворешни работи веќе има формирано „преговарачка единица“ за да им помогне во можни мировни преговори, изјави таа во интервјуто за Сандеј Телграф кое е објавено денеска.

Таа додаде дека во меѓувреме Лондон и британските сојузници „постојано ќе ги зголемуваат“ санкциите кон рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи.

„Тие санкции треба да се отстранат само со целосен прекин на огнот и повлекување, но и со заложби дека нема да има понатамошна агресија. И, исто така, постои можност да има повратни санкции доколку има дополнителна агресија во иднина. Тоа е вистински лост што мислам дека може да се искористи,“ изјави Трус.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано го повика Путин да се вклучи во сериозни разговори за ставање крај на борбите откако лидерот на Кремљ ја објави целосната инвазија пред повеќе од еден месец.

Бајден: Слободниот свет се противи на руската инвазија врз Украина

Коментарите на Трус ќе се сметаат како нова покана за Путин да ги намали руските загуби во услови на војна за која критичарите велат дека открија големи проблеми во стратегијата, тактиката и подготовките на Русија за конфликтот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека различните забрани и замрзнувања на имотот на елитата во кругот на Путин „не се дизајнирани да бидат трајни“.