Обновувањето на иранскиот нуклеарен договор во „фотофиниш“

Архивска фотографија, ирански нуклеарни преговори

Претставникот на Европската Унија во разговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор Енрике Мора денеска пристигнува во Техеран со цел да се премостат преостанатите разлики меѓу Иран, САД и другите светски сили кои го потпишаа првичниот договор.

Мора кој ги координираше индиректните разговори меѓу Иран и Соединетите држави на разговорите во Виена, пред неговото патување во Техеран рече дека влогот е голем.

„Работиме на затворање на преостанатите празнини во таканаречените „Виена разговори“. Мораме да ги завршиме овие преговори“, напиша Мора на социјалната мрежа на Твитер.

Иран е во преговори за заживување на договорот формално познат како Заеднички сеопфатен акционен план (JCPOA) со Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија директно, а индиректно со САД.

Во изминативе неколку недели и двете страни во преговорите сигнализираа дека разговорите се блиску до договор, но дека се бараат „политички одлуки“ од Техеран и Вашингтон.

„Ние сме многу блиску, но сè уште има некои прашања што се чекаат“, изјави вчера шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел на 26 март.

„Не можам да ви кажам кога и како, но тоа е прашање на денови“, им рече тој на новинарите на маргините на Форумот во Доха во Катар.

Иран тврди дека се блиску до заживување на нуклеарниот договор

Меѓу прашањата што се во тек е отстранувањето на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) од списокот на САД каде е означен како терористичка организација.

Неколку часа пред пристигнувањето на Мора, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан рече дека укинувањето на американските санкции за Иранската револуционерна гарда е меѓу главните барања на Иран, но додаде дека високи претставници на Гардата посочиле дека договорот не треба да се одложи за ова прашање доколку договорот е во корист на националните интереси на Иран.

„Но, гардата е меѓу главните институции во земјата, и покрај дозволата на претставниците на гардата, ова е едно од нашите главни прашања“, рече Амир-Абдолахиан во изјава за државната иранска телевизија.

Тој рече дека најважното отворено прашање со САД „се уште е темата за тоа како да се бришат вистинските и правните ирански лица од списокот со санкции“.

Ирански министер во Москва, нуклеарниот договор тема на разговори

Израелскиот премиер Нафтали Бенет подоцна ја повтори загриженоста на неговата влада дека САД ќе ја отстранат од црната листа на Иранската револуционерна гарда.