Воени магацини мета на руските трупи во северозападна Украина

Руски проектили уништија складиште со оружје и воена опрема во северозападна Украина, објави денеска руското Министерство за одбрана. Четири ракетни проектили биле истрелани од поморски брод на Црното Море што го погоди складиштето во близина на индустрискиот град, кој се наоѓа на околу 120 километри западно од Киев, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Овие информации засега не може да бидат независно потврдени. Според видеото кое беше објавено се гледа само испукувањето на проектилите.

Зеленски го повика Катар да го зголеми производството на гас

По шпекулациите за тоа каде се наоѓа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, Министерството објави видео од состанокот на военото раководство во саботата на кој Шојгу изјави дека оружјето договорите ќе бидат исполнети, и покрај санкциите од Западот. Тој исто така рече дека опремувањето на руската војска со високопрецизно оружје продолжува.

Шојгу потврди дека руските трупи ангажирани во Украина ќе бидат класифицирани како ветерани, според законот потпишан од претседателот Владимир Путин во саботата . Со овој потег им се обезбедуваат бројни придобивки за вклучените трупи во војната во Украина.