Вечерва со поместување на сказалките на часовникот за еден час понапред почнува летното сметање на времето. Во два часот по полноќ на 27 март треба да се поместат сказалките на три часот. Европската комисија пред неколку години испрати предлог до Советот на Унијата за да се укине поместувањето на сказалките на часовникот со што ќе остане во сила зимското сметање на времето.
Заминува ли менувањето на времето во историја?
Со оглед на тоа што земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, овој режим останува на сила.
Но, земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за предлогот на Европската комисија од пред три години за укинување на сезонското поместување на часовникот последната недела во март, односно во октомври.
Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите-членки. Одлуката дали некоја земја-членка ќе го земе летното или зимското сметање на времето за постојано зависи од нејзината географска локација, така што договорот за предлогот на ЕК нема да биде лесен. Постојат три временски зони во ЕУ, а најголемата е централноевропската од Полска на исток до Шпанија на запад.