Зеленски ѝ порача на Европа дека задоцнила со запирање на руската инвазија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше обраќање синоќа на самитот на Европскиот совет во Брисел. Тој зборуваше за инвазијата на Русија и за штетата направена на неговата земја и ѝ се заблагодари на Европа што се обедини во поддршката на Украина. Тој потоа, во свој карактеристичен стил, им порача на европските лидери дека реагирале предоцна за да ја запрат Русија. „Применивте санкции. Ние сме благодарни. Ова се силни чекори. Но, беше малку доцна... имаше шанса“, рече тој, додавајќи: „ако имаше превентивни санкции, Русија можеби немаше да влезе во војна“.

Западните сојузници ветија поголема помош за Украина, и санкции за Русија

Зеленски потоа побара од земјите да ја одобрат кандидатурата на Украина за ЕУ. Во последниве недели, Зеленски одржа многу говори во парламентите ширум светот - и тој не се плашеше да го прекори Западот за, како што изјави, неуспехот да обезбеди доволно поддршка за Украина.