Нови 319 случаи на Ковид 19, пријавено е едно починато лице

Илустративна фотографија

Во последните 24 часа направени се 2.720 тестови и се регистрирани 319 нови случаи на Ковид – 19, информираа од Министерството за здравство.

Од вкупниот број позитивни (319) кај 59 лица се работело за реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е една починато лице од Скопје, на возраст од 66 години, каде имало коморбидитет. Во истиот период се регистрирани и 258 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, а на починати е 9.188.

Во моментов во земјава има 1.973 активни случаи од кои најголем дел се во Скопје 1.118, Битола 141 и Прилеп каде има 130 активни случаи.