Олимпискиот шампион во кревање тегови Рахимов остана без златниот медал поради допинг

Олимпискиот шампион во кревање тегови Нијат Рахимов

Олимпискиот шампион во кревање тегови Нијат Рахимов е прогласен за виновен за прекршување на анти-допинг правилата и му е одземен златниот медал што го освои во 2016 година.

Судот за спортска арбитража денеска соопшти дека Рахимов во четири наврати направил „замена на урината“ и дека му е забрането да учествува во спортот осум години.

Судот, исто така, ги дисквалификуваше сите негови резултати од 2016 година.

Рахимов постигна светски рекорд на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016-та година, но победата беше доведена во прашање дури и во тоа време.

Тој беше откриен во рамки на истрагата „Операција стрела“ на Светската антидопинг агенција.

Истрагата започна откако пред една година беа обелоденети широко распространетите проблеми со допингот и корупцијата од страна на германската телевизија АРД.

Судот за спортска арбитража одлучи Рахимов да биде казнет до јануари 2029 година, а доколку сака Рахимов може да ја оспори пресудата.