Кина во потрага по црната кутија од урнатиот авион

Потрага на местото на падот на авионот Боинг 737-800 на China Eastern Airlines

Спасувачки екипи се уште се во планинските падини во јужна Кина во потрга по црната кутија на патничкиот авион на „China Eastern Airlines“ кој вчера се урна.

Авионот превезувал 123 патници и 9 членови на екипажот. Патувал кон пристанишниот град Гуангжу од Кунминг, кога одеднаш ја изгубил висината и се урнал во планините Гуангкси помалку од еден час пред слетувањето.

Државните медиуми соопштија дека не се исклучува можноста сите патници на летот да се загинати.

Пристапот до местото на несреќата е отежнат, бидејќи е опкружено со планини од три страни.

Кинеската државна телевизија објави дека Владата испратила истражен тим кој ќе треба да ги открие причините и да помогне во потрагата по црните кутии.

Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (NTSB) вчера исто така назначи истражител, бидејќи авионот Боинг е произведен во САД, но не се знае дали истражителот ќе отпатува во Кина.

Последниот комерцијален авион што се урна во Кина беше во 2010 година, кога се урна регионален авион Ембраер Е-190 управуван од Хенан ерлајнс, при што загинаа 44 од вкупно 96 патници кои се превезувале.