Македонските иселеници во Турција ветија поддршка за родниот крај

Македонска делегација пред македонскиот клуб во Измир

Здруженијата на македонските иселеници во Турција се целосно подготвени да ги зголемат своите инвестиции во родниот крај, да подржуваат проекти како и да ја продлабочат соработкта со локалните власти во Македонија.

Оваа покрај другото е оценето на братските средби што со раководството на здружението на Македонските иселеници во градот Измир –Турција го имаа градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски, директорот на Агенцијата за одземен имот при Македонската влада и претставник на општина Маврово и Ростуше Фатон Асани и познатиот интерпретар на македонската песна Благоја Грујовски кој постојано учествува на иселеничките манифестации што ги организираат нашите иселеници во Турција.

Покрај здруженијата на македонските иселници во Турција од општината Маврово и Ростуше, договорено е да се зголеми тесната соработка и со другите здруженија кои фунционираат во Турција, а се од други градови во Македонија, изјави за Радио Слободна Европа Фатон Асани.

Тој додаде дека во Измир е договорено да се проширува вмрежувањето на здруженијата. На средбите на кои учествуваа раководствата од повеке здруженија е изнесена оценката дека иселениците од Македонија во Турција имаат и економска моќ за да ја продлабочат економската подршка бидејки тие сакаат Македонија да чекори напред и да се намали миграцијата на младите.

„Македонска култура и традиција преку нашинците – Реканци од Скудриње е пренесена на Дебре Маало во Измир , каде турските власти во големиот Измир имаат именувано улица по името на Дебар“, изјави за РСЕ Асани.

Договорено е на средбите во текот на месец мај во Измир да се одржи голема Културна манифестација на иселниците со присуство на културни уметнички друштва од Македонија , владини преставници како и градоначалници од неколку Македонски општини од каде што има иселници во Турција. Притоа е оценето дека Македонија и Турција имаат одлични билатерални односи што секако даваат можност за проширување на сорабоката со иселенците .