Денеска е светскиот ден на водите

По повод денешниот светски ден на водите Обединетите нации издадоа извештај на тема „Подземните води: да се направи невидливото видливо“. Подземните слатки води, според анализите, сочинуваат приближно 99% од целата вода за пиење на Земјата. Тие имаат потенцијал да им обезбедат на општествата огромни социјални, економски и еколошки придобивки и можности. Подземните води веќе обезбедуваат половина од волуменот на вода за домашна употреба од страна на глобалното население, вклучувајќи ја и водата за пиење за огромното мнозинство од руралното население кое не ја добива нивната вода преку јавни или приватни системи за снабдување, а околу 25% од целата вода за наводнување.

Отчет на терен: вода за пиење нема, асфалт селективно

Сепак, овој природен ресурс, како што се наведува, често е слабо разбран, а со тоа и потценет, погрешно управуван, па дури и злоупотребен, што го прави ранлив на исцрпување и загадување. Во контекст на растечкиот недостиг на вода низ многу делови од светот, огромниот потенцијал на подземните води и потребата за одржливо управување со нив повеќе не може да се занемари.