Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја повика Кина да одигра „важна улога“ во напорите за решавање на конфликтот на земјата со Русија.
„Го споделуваме ставот на Пекинг за потребата да се најде политичко решение за војната против Украина и ја повикуваме Кина како глобална сила да одигра важна улога во овие напори“, напиша Кулеба на Твитер.
Повикот дојде откако Киев минатата недела го повика Пекинг да ја осуди инвазијата на претседателот Владимир Путин врз Украина.
Минатата недела американскиот претседател Џо Бајден го предупреди својот кинески колега Си Џинпинг дека ќе има „последици“ доколку Пекинг ѝ даде материјална поддршка на Москва. Други западни земји, исто така, ја повикаа Кина да ги осуди акциите на Путин во Украина.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји вчера изјави дека неговата земја во врска со украинската криза е на вистинската страна на историјата и тоа ќе го покаже времето, а нејзината позиција е во согласност со желбите на повеќето земји.