Нови 64 случаи на заразени со ковид-19

Вакцинација против ковид во Скопје

Во последните 24 часа регистрирани се 64 нови случаи со заразени со ковид-19 од направени 965 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 64 случаи од Скопје се 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.

Регистрирани се 296 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа починале две лица. Дополнително се пријавени уште две починати од регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“. Сите починати имале болести.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а на активни случаи изнесува 1.890.